Казнети 27 моторџии и 16 пешаци

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 374 санкции, соопшти денеска МВР.

-За возење без возачка дозвола санкционирани се 24 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 92 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 27 санкционирани мотоциклисти, 107 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 16 санкции кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

Претходна вестПроменливо облачно, попладне со повеќе сонце
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Уште еден пораз за Филипче, медицинскиот персонал си дава откази