Во Словенија продавниците нема да работат во неделa и за празници

Продавниците во Словенија во недела и за празници ќе бидат затворени, одлучија пратенциите во парламентот. Со измените во законот за трговија, за чие усвојување вчера во Народното собрание гласаа 72 од 88 пратеници, со ретки исклучоци, им забранува работа на продавнците во недела и за празници.

Од забраната се изземени продавниците со продажен простор до 200 квадратни метри на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и во болниците. Во недела и на државните празници ќе бидат отворени и преостанатите мали продавници со работна површина до 200 квадратни метри, ако во нив работите ги извршуваат трговски субјекти, односно нивните преставници, но и ученици, студенти и пензионери.

Прашањето дали продавниците треба да бидат отворени во недела и за празници ја мачи со децении јавноста во Словенија. Со тоа се занимаваше и Уставниот суд, а во септември 2003 година граѓаните за тоа беа прашани и на референдум. Забраната за работа во недела ја поддржаа 57 проценти од гласачите кои излегоа на референдумот.

Претходна вестГи заострува ли МВР санкциите: За еден ден казнети 870 граѓани за неносење маски
Следна вестПоскапува паркирањето на Клинички, проблем бил кусурот од пет денари