Променливо облачно со локален слаб дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/х).

Утринската температура се движеше од – 8 до 4 степени, а дневната ќе биде од 4 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Температурата изутринава изнесуваше – 1, а преку ден ќе достигне 10 степени.

 

 

Претходна вест30-годишна жена нападната од својот вонбрачен партнер
Следна вестМишел нема да се кандидира на изборите за Европскиот парламент