На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. УВ=6
Утринската температура се движеше од 10 до 17 степени, а дневната ќе биде меѓу 24 и 32 степена.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата изутрина изнесуваше 15 степени, а преку ден ќе достигне 30 степени.