Од 8 часот посебен режим на сообраќај во централното скопско подрачје

Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна лента на бул.„Гоце Делчев“ и се продолжува по десната коловозна лента на бул.„Илинден“ се до крстосницата со улицата „МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

Претходна вестПроменливо облачно со локални поројни дождови
Следна вестДвегодишно дете позитивно на Ковид почина на Детската клиника, имало повеќе коморбидитети