Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер, најавуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има појава на повремено пороен дожд и услови за појава на грмежи. Темепратурата ќе достигне до 29 степени.
Променливо облачно и со малку пониски температури се очекува и на подрачјето на целата земја. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме. Максималната температура ќе се движи во интервал од 26 до 31 степени.
Во вторник ќе биде облачно и нестабилно, наместа со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде процесите ќе се поинтензивни и во форма на невреме. Дневната температура, особено на северот, ќе биде позначително пониска