Променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура се движеше од – 1 до 3 степени, а дневната ќе биде од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата изутринава изнесуваше – 2 степена, а преку ден ќе достигне 5 степени.

 

Претходна вестСЗО бара 1,5 милијарди долари за итна здравствена помош во 2024 година
Следна вестВоздухот пак опасен: Скопје утринава на седмо место според загаденоста на воздухот во светот