Променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 0 степени

Утринското сонце е со заби. Температурата во Скопје е минусна. Времето денеска во македонскиот главен град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 0 степени.

Во останатите делови на Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -7 до 3 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Претходна вестБраво, Македонските одбојкарите по втор пат ќе играат на Европското првество
Следна вестДве возила удриле во автобус на ЈСП кај Шумарскиот факултет