Две возила удриле во автобус на ЈСП кај Шумарскиот факултет

Сообраќајка во која учествувал и автобус на ЈСП се случила вчера во Скопје. Нема повредени патници во автобусот, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Од ЈСП информираат дека е причинета само материјална штета.

Како повредени се пријавени три лица кои се превезувале со автомобилите.

-Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата, информираа од ЈСП.

Од ЈСП велат дека МВР работи на целосно расчистување на случајот.

-Апелираме на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети, додаваат од ЈСП.

Претходна вестПроменливо облачно со сончеви периоди, температурата до 0 степени
Следна вестЏабе ти е скапа реконструкција на кејот кај ГТЦ ако пак не воведеш ред