Променливо облачно со услови за попладневен дожд

Во скопското подрачје денеска времето ќе биде променливо облачно со можни врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Променливо облачно време со врнежи од дожд попладне се очекуваат и за останатите подрачја во Македонија. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 8  до 13 степени.

Во следниот период синоптичарите најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Претходна вестИзложба на Стефан Шашков „Мешање звуци“ од вечерва во Кинотека
Следна вестЗа недвижен имот кој не се користи подолго од 6 месеци ќе се плаќа трипати поголем данок