Изложба на Стефан Шашков „Мешање звуци“ од вечерва во Кинотека

„Мешање звуци“ е именувана изложбата што вечерва ќе биде отворена во Кинотека на Македонија. Станува збор за прикажување на фотографии од Стефан Шашков од Центарот за креативни индустрии – Небо, која претставува игра на синестезија, односно кореспонденција меѓу бои, форми и музика, а воедно е визуелно-естетски омаж на музичарите Харолд Бад и браќата Брајан и Роџер Ино.

– Шашков низ своите фотографии, врз кои се извршени компјутерски доработки, а именувани според музичките композиции на браќата Ино и Харолд Бад, успева повторно во нас да ја иницира оваа сензација на обоена музика и за миг да не понесе на неговото уметнички вдахновено патување, каде, секој еден звук на музиката на Роџер Ино, вибрира со колоритни тоналитети, а водно не само што ни овозможува да ја гледаме музиката низ ликовен облик, туку не воведува во нашиот имагинарен свет, исполнет со непознати пејзажи, во кои лебдат бестежински сите чувства и фигуративни објекти, велат од Центарот за креативни индустрии.

Изложбата е во чест на Харолд Бад, кој пред три дена го напушти земниот свет. Публиката ќе може да ја проследи до 18 декември.

Претходна вестЗошто почина 22-годишна родилка од ковид 19 и зошто уште е под клуч новиот ковид – центар?
Следна вестПроменливо облачно со услови за попладневен дожд