На скопското подрачје денеска во утринските часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, најавуваат метеоролозите. Максимална дневна температура ќе достигне до 20 степени.
Слично време се очекува и на останатиот дел од Македонија при што во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните подрачја ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 степени, а дневната ќе достигне од 15 до 22 степени.
За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд во западните и јужните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.