Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно време со температура до 31 степен

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне. Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотарен дожд, соопшти УХМР.

Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Најсвежо наутро ќе биде во понеделник и вторник. Преку денот повремено ќе има умерена облачност, а дневната температура на југоистокот ќе достигнува 30 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Рисимкин и Данчевска екслузивни гости во Анкара на покана на „Соло танц фестивал“

Следна објава

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел