Променливо сончево со засилен северен ветер

Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени.

Во другите краишта на Македонија ќе биде, исто така, сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степен.

До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, кои в сабота и в недела некаде ќе бидат неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст. 

Претходна вестГала оперски концерт во МОБ од 20 часот
Следна вестВМРO-ДПМНЕ: Ако главна мерка е Спасовски да брои гости по домовите цела влада треба да поднесе оставка