ВМРO-ДПМНЕ: Ако главна мерка е Спасовски да брои гости по домовите цела влада треба да поднесе оставка

Ако главната мерка за борба против Ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка, реагира денеска опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека ако Владата на Зоран Заев ја одобри мерката предложена од партиската здравствената комисија тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот.

 ако ја одбие тогаш Венко Филипче и владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат, во спротивно ќе докажат дека си играат држава и целокупната криза е менаџирана од неспособни луѓе. Според член 26 од Уставот полицијата може да влезе во дом само ако има претходно одлука од Суд, а не по желба единствено на МВР или обвинителството, се потенцира во партискиот став.

Оваa партија наведува дека Заев и Филипче предизвикаа целосен дебакл на здравствен план.

Немањето јасна стратегија резултираше во 364 новозаболени од коронавирус во текот на вчерашниот ден. Бројките галопираат. Македонија и сите граѓани страдаат заради неспособноста и лекомисленоста на власта. Уште сме на почетокот на есента, а сезоната на грип само што не почнала и сепак бројот на заразени е алармантен. Со ваква неспособна власт кои бројки треба да ги очекуваме во претстојниот период?! Наместо импровизации и неспособност потребна е одговорност, укажува оваа партија.

Инаку, за вечерва ВМРО-ДПМНЕ најави нов протестен марш во центарот на Скопје на релација од Министерство за правда па до Министерството за информатичко општество и администрација. Протестот кој ќе започне во 18.30 часот е против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.

Претходна вестПроменливо сончево со засилен северен ветер
Следна вестШто кажаа докторите Пановски и Марковски за носењето маски на отворено…