Што кажаа докторите Пановски и Марковски за носењето маски на отворено…

Непотребност, како и постоење од извесен здравствен ризик при задолжителното постојано носење на маски, марами или шалови на отворен простор искажаа неодамна здравствените експерти, микробиологот Никола Пановски и инфектологот Вело Марковски. 

Во интервјуто за „Скопско ехо“, веднаш по првите најави од здравствените власти дека е можна ваквата мерка, докторот Никола Пановски ни рече дека апсолутно не се согласува со таа најавена обврска.

-Тоа е мерка која е спротивна на научните сознанија, спротивна на она што се случува во практиката. Сигурен сум дека нема да се донесе, а не требаше ни да се споменува.

Главен начин на пренос на овој вирус е респираторниот, преку капки и аеросоли. Инфективната доза е релативно голема, треба стотици вируси да навлезат за да предизвикаат инфекција, за разлика од вирусите на морбили, варичела и вариола, каде и една честичка е доволна. Затоа вирусот многу потешко се пренесува на отворено или во големи простории. Кога шетаме сами, се извинувам, ама смешно е и да помислиме дека можеме да се заразиме. Во затворен простор каде има мал волумен на воздух, а повеќе луѓе, маската е корисна. Затоа маските и дистанцата имаат одличен ефект, ако се применуваат правилно. Носењето на маска е мачна работа, ако е носи подолго време. Се разбира не и без реперкусии на органите за дишење, имунитетот, оксигенација на крвта. Затоа е многу важно, маската да се носи само кога е неопходна, а надвор ако сме сами само при загаден воздух.

За апсурдноста на мерката за носење маска надвор кога сме сами еве пример: четворица другари се договараат да се најдат на кафе. Сите доаѓаат посебно и на отворено носат маски. Влегуваат во ресторанот, седнуваат и ги вадат маските да пијат кафе!!! Таму каде што не можат ни теоретски да се заразат носат маски, а каде што постои реална опасност од зараза, ги вадат маските, потенцира Пановски.

Инфектологот Вело Марковски, пак, рече дека ова ќе предизвика лоши последици по здравјето на граѓаните.

-Носењето на маски на здрав човек е штетно. Главен одбрамбен механизам кај нас е нормалната флора која ја имаме во устата. Со постојаното носење на маски нашиот организам ќе биде во хипоксија и можно е да се направи промена во таа флора. Голем процент од нас носиме стафилококус ауреус, тоа е една од бактерии која може да ни направи долнореспираторна инфекција која во 20 отсто од случаевите е смртоносна. Организмот во нормална ситуација ја исфрла таа бакерија но сега заради употребата на маска таа може да се врати и тоа е голем ризик. Мислам дека е ова многу лошо решение кое што се предлага, предупреди Марковски.

Претходна вестВМРO-ДПМНЕ: Ако главна мерка е Спасовски да брои гости по домовите цела влада треба да поднесе оставка
Следна вестСпасовски: Полицијата ќе делува по пријави на соседите и во соработка со обвинителството