Промовирани нови 590 полицајци, ќе се засили ли борбата со криминалот, сообраќајната некултура…?

Македонија добива дополнителен број на полицајци. Имено, денеска на свечена церемонија во Центарот за обука на МВР во Идризово беа промовирани 590 нови полициски службеници.

-Да го одбележиме овој свечен чин како што доликува на една од најдобрите генерации во последните десетина години. Затоа сакам посебно да ви честитам – како за солидните резултати, така и за изборот на полициската професија, изборот на тежок, но благороден животен пат, истакна ресорниот министер Оливер Спасовски.

Министерот потенцираше дека успешното функционирање на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава.

-Токму затоа наш врвен приоритет беше создавањето модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе одговори на работните задачи, рече тој.

Колку борбата против криминалот ќе биде поефикасна, како и колку ќе се среди сообраќајната некултура во Македонија, сега со новото засилување во МВР – останува да се види во наредниот период.

Инаку, оваа генерација од основната обука за полицаец, започна на 5 август 2021 година, со вкупно 625 кандидати, а денес, обуката успешно ја завршуваат 590 кандидати, 487 од машки пол и 103 од женски со среден успех на генерацијата од 523 бодови од можни 600.

 

Претходна вестКому му нема спас, на 100 македонски научници или на Пендаровски?
Следна вестКому му нема спас, на 100 македонски научници или на Пендаровски?