Пронајден мртов маж на спореден пат кај Богомила

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде беше пронајдено тело на починато машко лице.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта. По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.​​

Претходна вестПресуди за „Титаник 2“: По две години затвор за Мијалков, Тачи, Ибраими, Стефановска, Сајковски и Срцев
Следна вестУкраина ја зголемува одбраната на Киев поради нова руска офанзива