Минатата ноќ бил пронајден мртов затвореник во затворот „Идризово“. На телото на починатиот немало траги од насилство.
– В.Л. (50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години, на 06.06.2023 во 03.55 часот бил пронајден починат во просторија во полуотвореното одделение, информираат од МВР.
Доктор од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.