Кај двајца скопјани кои биле во клуб во Градскиот парк во Скопје била пронајдена бела прашкаста материја. Додека кај трет скопјанец на подрачјето на Бит Пазар, била пронајдена бела грутчеста материја.
– На 04.06.2023 во 01.40 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Т.(29) и Т.А.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Додека на 03.06.2023 во 14.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, информираат од МВР.
По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.