Вчера во 14.10 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Ѓ.(30) од с.Обршани пријавил дека при извршување работи во градината на неговиот имот пронашол неиспукани гранати.
Полициски службеници извршиле увид, а пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување констатирале дека се работи за три минофрлачки гранати Ф-75 германско производство од Првата светска војна.
Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка.