Пронајдени се двете девојчиња од Струмица кои се загубија во Скопје

Двете девојчиња од струмичкото село Петралинци, едното на возраст од 12 години, другото на 14 години, кои вчера околу 16 часот се изгубија во близината на „Веро Џамбо“ во центарот на Скопје, се пронајдени доцна синоќа. Веста ја соопшти нејзината мајка која им се заблагодари на сите што се ангажирале на каков било начин во нивното пронаоѓање.

Инаку, исчезнувањето на девојчињата го пријавила нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија во Скопје со главна цел, посета на Саемот на книгата.

Претходна вестНе прифатија награда од милион левови за да ги предадат соборците, како херојски загинаа Кире Гаврилоски – Јане и Круме Волнароски – Коља
Следна вестЧетиринаесет лица возеле без дозвола, шестмина биле пијани…