Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар во Скопје. Имено, вчера во 19:56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар во Скопје, во близина на ФФМ во Н. Лисиче, било пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.