Пронајдено тело во прилепско ,,Топташ”

Денеска е пронајдено тело на 46 – годишен прилепчанец во месноста ,,Топташ”, Прилеп. За случајот се огласија и од МВР.

Од МВР изјавија дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

– Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестВо Велика Британија запленети рекордни 5,7 тони кокаин
Следна вестЌе сопре ли ова? Речиси 30 пожари во 24 часа на територијата на Македонија