Во Велика Британија запленети рекордни 5,7 тони кокаин

Кокаинот е втора најкористена дрога во Европа после марихуаната, а нелегалниот пазар на оваа дрога изнесува над 500 милијарди долари секоја година. Во Европа има доста органиизирани групи кои препродаваат дрога, но и големи полициски акции во кои има заплена на огромни количини. Една таква е и последната во Велика Британија во која е запленета рекордна количина со тежина од 5,7 тони кокаин.

Рекордна количина од 5,7 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 52,62 милиони евра, е запленета во пристаништето Саутемптон во Велика Британија, скриена во пратка со банани од Јужна Америка.

Кокаинот бил откриен на 8 февруари, а пратката била наменета за Хамбург, Германија.

Полицијата соопшти дека сега работи на откривање на криминални мрежи вклучени во шверц на кокаин.

Претходна вестЧекавме да зборуваат за економија, здравство, правда…, а тие пак за Уставот се фатија
Следна вестПронајдено тело во прилепско ,,Топташ”