Пропадна уште една голема банка во Соединетите американски држави. Поточно американските регулаторни власти ја затворија „Сигначер банка“ („Signature Bank“) со седиште во Њујорк, јавува Си-ен-ен.
Се работи за една од главните банки во крипто индустријата со седиште во Њујорк, најголемата веднаш до „Силвергејт“, која пропадна минатата недела. Оваа банка е исто така една од жртвите на актуелната криза на крипто-пазарот.
Американските регулатори донесоа одлука да го спречат ширењето на банкарската криза со затворање на банката, која е главен доверител во крипто- индустријата. Одделот за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозити соопштија во заедничката изјава дека ја затвораат банката.
Регулаторите на банката објавија дека клиентите на „Сигначер банка“ имаат целосен пристап до нивните депозити, за да можат да си ги вратат парите.
– Сите штедачи на оваа институција ќе бидат обесштетени, како во случајот со банката од Силиконската долина (СВБ), така што даночните обврзници нема да бидат на товар на никаква загуба, велат регулаторите на банката.
Пропаѓањето на овие две банки земјата ја воведе во најголема банкарска криза од 2008 година, кога во САД започна големата финансиска криза.