Протест на судската администрација:  За покачувањето на плати не може да се одлучува без нас

Барање да бидат вклучени во работната група којашто ќе решава за нивното барање за покачување на плати упатија од денешниот протест вработените во судската администрација. Тие ја блокираа раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“ при што ги повторија своите барања, а тоа се повисоки плати за 78 отсто на минималната плата во судската служба и 35 отсто додаток на плата за судските службеници.

Јасмина Величкова, претседател на Судска администрација на Македонија вели дека нема да запрат додека барањата не им бидат прифатени.

-Веќе седум месеци вработените во судската администарција си ги бараат своите права, односно покачување на платата за 78 отсто на минималната плата во судската служба и враќање на 35 отсто додаток на плата кој ни беше скратен откако им се покачи платата на функционерите. Не престануваме. Бараме оваа неправда под итно да се исправи бидејќи во спротивно ќе најавиме штрајк и ќе ги блокираме сите судови низ цела Македонија. Во преговарачкиот тим бараме да бидеме вклучени и ние како синдикати бидејќи не може да се одлучува за покачување на платите на судската служба без присуство на синдикалните организации, рече Величкова.

Владата на 3 септември, на седница, донесе одлука во следните седум дена да се формира работна група која ќе работи на изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од страна на судската, јавнообвинителската служба и вработените во органите на државната управа.

Претходна вестУапсен 52-годишен маж, ја силувал својата невенчана сопруга
Следна вестОперата „Турандот“ ќе биде изведена во Националната опера и балет