Протест на земјоделците во Струмица, се бараат повисоки откупни цени на градинарското производство

Протестна блокада во Струмица оддржаа денеска земјоделците од струмичко. Тие излегоа на улица и со трактори и приклучна механизација го блокираа центарот на градот. Револтирани се од моменталната состојба во градинарскиот сектор и ниските откупни цени. Велат, сезоната само што започна, а  производството се откупува по цени под секоја пазарна логика.

Како конкретен пример ја наведуваат цената од 25 денари за доматите што била далеку под трошоците за производство. Бараат итни интервенции од државата и стопирање или регулирање на увозот од странство, посебно во екот на домашното призводство.

-Доматите во мај месец никогашне биле 20 денари. Владата да направи нешто, да запре увозот за да се продадат нашите производи. Да се направи некаква стратегија со Албанија. Албанија е најконкурентна на нашиот пазар, да се направи некоја адекватна мерка за внесување на албанска стока, нека има два или три пати поголема царина, велат земјоделците.

Проблемите и барањата на струмичките земјоделци ги слушна и дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски. најави средба и со трговците по што ќе се бара решение за проблемот. Тој вети дека за кратко, по формирањето на новата влада повторно ќе профункционира и законот за неделни откупни цени, а инспекторите ќе бидат многу почесто на терен.

Претходна вестНовата влада пред финален договор
Следна вестВремето денес сончево со мала облачност, попладне нестабилно со дожд и грмежи