Голем собир на граѓани во Скопје кои изразија незадовоство од судска одлука. Имено попладнево многу скопјани се собраа во Ново Лисиче да бараат вистинска правда за убиството на младиот Никола Христовски.
Насобраните луѓе, меѓу кои имаше и многу млади лица се револтирани поради како што велат несоодветната и мала – тригодишна затворска казна на која е осуден 18-годишниот скопјанец А.Т. кој со нож лани го уби 17-годишниот Кољо.
-За искубана коса на една сдсмовка осудија човек на 4 години затвор, за убиство на дете истиот суд досуди само три години затвор. Ова ли е правдината која дојде во Македонија со оваа власт? Ова ли ќе биде иднината на земјата и младите, ни истакна еден од луѓето кои протестираа.
На протестот беше повторено она што беше укажувано и при повикот:
– Во чест на нашиот брат, Никола Христовски – Кољо. Да покажеме дека овој трул, нефункционален и заробен систем НЕ функционира. Да го кренеме нашиот глас против нанесената неправда, против системот кој не казнува убиство.