Проведени двајца скопјани, фатени се на дело како крадат од „фолксваген голф“

Уапсени се две лица затекнати како вршат кражба во патничко возило, соопшти полицијата.

МВР соопшти дека приведувањето се случило на еден паркинг.

-Вчера (14.09), во 17.40 часот на паркинг простор во центарот на Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и ЕВР Карпош ги лишиле од слобода С.П.(34) и Д.А.(32), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во патничко возило „фолксваген голф“, информираат од МВР.

Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По известувањето на јавен обвинител и целосно документирање на случајот, против двајцата скопјани ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Претходна вестВо Скопје санкционирани 134 возачи, казнети и тројца возачи – почетници
Следна вестИма ли јунак во СДСМ кој ќе каже СТОП на самоволието на Џафери?