Птичји грип откриен кај пцовисан див корморан од Штипско

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги добила резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, со кои кај мостра од дива птица корморан од Штипско е потврдено присуство на птичји грип.

За утврдување на поттипот на сојот на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива пцовисана прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.

-Пријава за сомнеж на случај АХВ доби на 18 февруари кога од страна на ветеринарно друштво од Штипмострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувачниците и попис на живината на фармите, се наведува во соопштението на АХВ.

Останува апелот до одгледувачите биосигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината.

Доколку граѓаните најдат пцовисана дива птица во природата, АХВ апелира за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или самата Агенција.

Претходна вестСе наплаќа ли паркинг во подземниот премин кај ГТЦ?
Следна вестОблачно и постудено време со повремен дожд