Пукање во Чаир, претепано едно лице

Неколку лица во Чаир испукале неколку истрели во воздух а потоа претепале едно 36-годишно лице извести полицијата.

Имено вчера околу 21.45 часот во СВР Скопје, Џ.Љ.(63) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир неколку лица, кои биле со возило, испукале неколку истрели во воздух од огнено оружје, по што физички го нападнале М.Д.(36).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Претходна вестЗатворени апликациите за попис дома и во странство – пописот и официјално заврши
Следна вестПопишани 1.832.696 лица, непопишаните ќе се вадат од базите, за оние кои одбија ќе има постапки