Темно Режим Светло Режим

Пукање во Долна Матка, полицијата трага по сторителите

Непознати лица вчера пукале од огнено оружје во село Долно Матка.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил околу 16 часот, кога во полиција било пријавено дека на кејот на река Треска, неколку непознати лица пукале со огнено оружје.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот. На земјен пат биле пронајдени повеќе чаури, кои биле подигнати за понатамошна постапка од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Казнети „диви тркачи“ во Скопје, одземени мотоцикли

Следниот Пост

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани