Пукања, мирис на барут, чисти депонии… го намалија присуството на мечките во мавровско

Намалено е присуството на мечките по мавровските села откако во тој регион се вршат најразлични мерки, беше констатирано на координативна средба во ЦУК што ја организира директорот Стојанче Ангелов со претставници од повеќе државни институции и невладини организации

Претставникот на Националниот парк „Маврово“ Томе Ѓорѓевски рече дека од три пункта, на патиштата по кои најчесто се симнувале мечките во селата на Маврово, се пука, а тие исплашени од силните звуци, но најмногу од мирисиот на барут веќе 22 дена не се симнале по дворовите на селаните.

– До сега имаме спроведено осум акции заедно со локалното население и ренџерската служба, со поддршка и со знаење на МВР.  Имаме успех и 22 дена неприсуство на кафеавата мечка во населенеите места. Во акцијата, детектирани се пристапните патишта на мечката кон населените места и се формираат помали групи со маневарска муниција се заплашува мечката, се испукуваат поголема количина на куршуми заради тоа што мечката треба да го почувствува и стравот од истрелот , но поважно е да го почувствува мирисот на барут. Тоа е за неа одбивно, рече Ѓорѓевски.

Откако ги спровеле овие акции на три пункта една мечка се симнала во селото Жировница по нов пат, па следно планираат испукување и од таму.  Вакви акции се спроведуваат на 4-5 дена, а последната се случила вчера.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека планира од МВР да побара униформирани полијаци кои би учествувале во овие акции за тие да бидат поефикасни, но и да не се префрли проблемот од една општина во друга.

– МВР одлучува од каков калибар би биле полицајците, но би пукале со маневарска муниција и да се избегне опасност од пожари би фрлале и шок-бомби, тоа се бомби кои не повредуваат, но даваат многу силен звук и воедно мирис на барут, рече Ангелов.

За една година треба да се изработи Акциски план, кој предвидува и интервентен тим за справување со мечките.

Претставникот на Општина маврово Ростуше, рече дека во последниот период секојднево се чисти ѓубрето, се празнат кантите и контејнерите, а се чисти и околу нив, што пак заедно со другите мерки, дало резултати и мечките не се симнуваат низ селата.

Во однос на можноста за отстрел сите се децидни дета тоа е непосакувана и последна мерка, но само доколку претставуваат опасност, односно се заканат по животот на луѓето.

– По однос на законот ние имавме како држава проблем, затоа што се работи за урбана средина кадешто во ни еден закон не е предвидено дека некое диво животно треба да се наоѓа во ваква животна средина, рече Саша Јовановиќ од МЗШВ. Со новиот закон е предвидено доколку некое животно претставува опасност за животот на луѓето, министерот за земјоделство ќе издаде одобрение за застрел на тоа животно. Во однос на тоа граѓаните сами да се бранат и да застрелаат некое животно, тој вели дека право на секој е да се штити.

Претходна вестМаск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите луѓе без работа
Следна вестЗа Задушница на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров ќе има посебен сообраќаен режим