Темен режим Режим на светлина

За Задушница на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров ќе има посебен сообраќаен режим

Полицијата одзеде три возила во контроли во Велес Полицијата одзеде три возила во контроли во Велес

Поради верскиот празник Задушница, утре и задутре, во Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.

Со почеток од 06.00 часот сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пукања, мирис на барут, чисти депонии... го намалија присуството на мечките во мавровско

Следна објава

Иранка осудена на смрт, сопругот ја начекал со друг маж