МВР информира дека поради верскиот празник Задушница во сабота и недела, почнувајќи од 6 часот, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кон гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
Со почеток од 6 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.Бутелска, лево по ул.Александар Урдаревски, лево по ул.Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.Боца Иванова, до кружниот тек на ул.Бутелска, па лево по ул.Бутелска и десно по ул.Кемал Сејфула.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
ЈСП „скопје“, пак, соопшти дека денеска на редовните линии 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, соопшти ЈСП „Скопје“.
ВОЗЕН РЕД во сабота (4.11.2023 год)
Линија 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара/Гробишта Бутел)
Од Карпош 3: 6.20 ч, 7 ч, 7.50 ч, 8.10 ч, 8.35 ч, 9.20 ч, 9.40 ч, 10.05 ч, 10.50 ч, 11.10 ч, 11.35 ч, 12.20 ч, 12.40 ч, 13.50 ч, 15.20 ч, 16.50 ч, 18.15 ч.
Од Кучевишка бара (Гробишта Бутел): 5.35 ч, 7.05 ч, 7.45 ч, 8.35 ч, 8.55 ч, 9.20 ч, 10.05 ч, 10.25 ч, 10.45 ч, 11.35 ч, 11.55 ч, 12.20 ч, 13.05 ч, 13.25 ч, 14.35 ч, 16.05 ч, 17.30 ч, 19.05 ч.
Линија 59А
Од Ново Лисиче: 7.10 ч, 7.40 ч, 8.25 ч, 8.40 ч, 9.10 ч, 10.10 ч, 10.40 ч, 11.10 ч, 11.40 ч, 12.10 ч.
Од Гробишта Бутел: 7.55 ч, 8.25 ч, 9.25 ч, 9.55 ч, 10.30 ч, 10.55 ч, 11.25 ч, 12.25 ч, 12.55 ч, 13.25 ч.
Линија 59Б
Од Кисела Вода: 7.10 ч, 8.50 ч, 9.50 ч, 10.30 ч, 12.10 ч, 12.40 ч.
Од Гробишта Бутел: 8 ч, 9.10 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 11.55 ч, 13 ч.