Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик донело Основното јавно обвинителство Скопје.
-Осомничениот 62-годишник, во својот дом на ул.
„Влае”, засадил три саксии со растение канабис и ги одгледувал.
Во еден од тоалетите во домот направил импровизирана сушара во која сушел 27 гранки со лисја и врвни делови од канабис.
При претресот извршен на 3 ноември, полицијата кај него пронашла и 303 грама марихуана во неколку тегли, кутии и други пакувања кои ги чувал во домот, се наведува во соопштението.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




