Најмалку едно лице е убиено, а три други се повредени во пукање во супермаркет од ланецот „Волмарт“ во Биверкрик, во државата Охајo во САД, пренесува локална телевизија. Очевидци, во изјава за локалните медиуми, велат дека маж отворил оган со автоматска пушка.
Полицијата веднаш интервенирала на пукањето и ја спречила понатамошната закана за јавноста.
– Зградата е безбедна и во овој момент нема активна закана, се вели во полициската објава на платформата „Икс“.
Како што пренесува агенцијата „Танјуг“ напаѓачот се самоубил, а мотивот за нападот засега не е познат.
Портпаролот на локалната болница изјави дека тројцата повредени се згрижени во центарот за траума.