Пункотот за вадење лични документи дневно ќе опслужува околу илјада граѓани

Околу илјада граѓани дневно ќе опслужува новиот пункт за вадење на лични документи без закажување лоциран во полициската станица „Пролет“ во Скопје. Пунктот, кој во изминативе два дена, имаше пробна работа со граѓаните, денеска и официјално започна да прима граѓани.

Во изјава за медиумите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека пунктот ќе биде со работно време од 8 наутро до 18 часот, со можност за продолжување на работното време за уште два часа.

-Досега инсталиравме 10 нови работни станици каде што можат граѓаните да се сликаат за новите лични документи. Системот е тестиран и овозможува околу илјада граѓани да се сликаат дневно, изјави Спасовски.

Спасовски вели дека ако се продолжи со оваа динамика ќе се променат личните документи до предвидениот законски рок, 14 февруари. Инаку, досега се заменети над еден милион пасоши, 900 илјади лични карти и 480 возачки дозволи. Околу 80 проценти од граѓаните во внатрешноста на државата веќе ги замениле личните документи.

Претходна вестНапукнат столб на мост на Црна Река воведе и автобус на железничката линија меѓу Скопје и Гевгелија
Следна вестИ годинава ќе носат развоен буџет, а развојот во Македонија никаде го нема