Пушка и муниција запленети при претрес на викенд куќа во гевгелиско

Пушка и муниција се пронајдени во текот на вчерашниот ден, при претрес на викенд куќа во с.Ума гевгелиско од страна полициски службеници од секторот за недозволена трговија со дрога и оружје. Сопствениците М.П. (67) и Б.П.(60) и двајцата од Гевгелија биле повикани во полициска станица за документирање на случајот.

– Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во с.Ума, гевгелиско, сопственост на М.П.(67) и Б.П.(60), двајцата од Гевгелија. При претресот, во викенд куќата на Б.П. била пронајдена и одземена една ловечка пушка калибар 12 мм и седум патрони за неа, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Претходна вестЧовек во бела мантија ги плаши кавадарчани
Следна вестПриведен прилепчанецот кој на Бадник пукал со пиштол