Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа највисоко ниво

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата дводневна државна посета на Кина, која започнува утре, изјави дека координацијата на надворешната политика на двете земји поттикнува воспоставување праведен мултиполарен светски поредок, што, како што рече, е основа на идниот успех на руско-кинеското сеопфатно стратешко партнерство.

Во интервју за агенцијата Ксинхуа, Путин истакна дека современите односи меѓу Русија и Кина ја надминуваат идеологијата и претставуваат стратешки избор на двете земји без разлика на политичката ситуација.

Според него, овие избори се засноваат на широки заеднички интереси, длабока меѓусебна доверба, силна јавна поддршка и вистинско пријателство меѓу народите на двете земји.

Претходна вестДелови од Скопје денеска без струја
Следна вестПелистер со порака до РФМ: Ќе ги известиме меѓународните ракометни институции