Компанијата „Џевахир холдинг“ го купува фудбалскиот клуб Работнички за 850 000 евра, дознава „Локално“.
Турската компанија во минатото беше дел од спонзорскиот тим на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, а сега влегува и во фудбалот. „Џевахир Холдинг“ планира да го враќа тимот на шампионските патеки.
„Џевахир“ е познат во Македонија по кулите во скопската населба Аеродром, највисоките згради во Скопје и во Македонија. Исто така во Турција имаат објекти како шопинг центар и главната автобуска станица во Истанбул, хотели и згради, аутлет центар во Трабзон, училишта и други објекти.