Работнички се раздели со Седлоски, Станиќ е новиот тренер

Кратко траеше љубовта меѓу Гоце Седлоски и Работнички, по четири месеци дојде разделба поради лошите резултати, Горан Станиќ е именуван за нов тренер.

Работнички се реши за тренерска смена откако резултатите во последниот период беа под сите очекувања на раководството.

-ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски, соопшти Работнички.

Под водство на Седлоски Работнички одигра 11 натпревари на кои забележа две победи, двапати одигра нерешено и загуби дури седумпати.

На местото од Седлоски седнува Горан Станиќ.

-ФК Работнички за нов шеф на стручниот штаб го именуваше Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Тренер на голманите останува Матеј Миленков. Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот, информираат од клубот.

Претходна вестТрагедија во Турција при прослава на победа на опозицијата – се урна балконот, еден загина, 8 повредени
Следна вестШоферот ќе преживее, МВР трага по лицето кое пукаше во градоначалникот на Арачиново