Работнички се засили со Филип Тодороски

Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на вториот дел од првенството во Првата лига. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Филип Тодороски.

Тој доаѓа од редовите на Победа и потпиша двегодишен договор со Работнички.

Тодороски е еден од најталентираните млади играчи за врска во Македонија, имаше понуди и за заминување во странство, а се наметна изминатата полусезона во дресот на Победа. Тој одигра 14 натпревари во прилепскиот прволигаш, вкупно 697 минути, и забележа една асистенција.

Претходна вестКовачевски до министерот Сали: Да размисли дали може да го продолжи мандатот, можевме да направиме повеќе за Благојче
Следна вестНаставник претепал ученик во основно училиште во Гази Баба