Работник пронајден онесвестен на работното место, починал во болница

На 28.12.2023 во 12:33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во безсознание бил донесен С.С.(44) од село Новаци, битолско, кој во 12:45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата.

Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестПроектил погоди облакодер во Киев
Следна вестСкандал во Ријад: Натпреварот Фенербахче-Галатасарај нема да се игра