Работник во градежна фирма пронајден починат во објект

На 12.01.2024 во 19.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Порој, тетовско, во објект на градежна фирма, А.Н.(43) од Р.Албанија, кој бил вработен во истата фирма, бил пронајден починат, информира МВР.

Oд страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Претходна вестЕВН, ЕСМ и ЕДС во трка за универзален снабдувач со струја
Следна вестРепрезентативец на Летонија го засили Тиквеш