Рајковиќ ги опомена руските новинари: Јас и Нено сме Македонци, не постојат Северномакедонци

Поранешниот кошаркар и репрезентативец на Македонија, Емил Рајковиќ кој во моментов се наоѓа во Москва, Русија покажа дека е вистински патриот, покажувајќи го тоа на дипломатски начин. Стратегот на гигантот ЦСКА Москва уште еднаш покажа колку си ја сака својата земја – Македонија и колку си го сака и почитува својот народ.

Имено тој како стратег на „Армејците“, е одреден за тренер на едната екипа за Олстарот во ВТБ лигата.

Рајковиќ во најавата за овој спектакл кој треба да се одигра на 18 февруари, забележал грешка и тоа веднаш им го кажал на Русите.

“На вашата интернет страница забележав дека мене и Димитријевиќ не пишувате како Северномакедонци. Тоа не постои. Новото има на нашата држава е Северна Македонија, но според меѓународните договори, ние по националност сме Македонци“ им појасни Рајковиќ на Русите.

Да потсетиме дека поради обврските кон репрезентацијата, Ненад Димитријевиќ кој игра за Уникс Казан нема да учествува на овој спектакл.

ФОТО: МакФакс

Претходна вестЗаврши вонредниот надзор во М-НАВ, откриени низа неправилности во вработувањата
Следна вестНово, големо признание за Македонецот: Миовски одново во тимот на колото во Шкотска