Ракометарите денеска ќе ги дознаат противниците на ЕП 2022

Денеска од 17.00 часот во Будимпешта ќе се одржи жрепката преку која ќе ги дознаеме групите за Европското првенство кое ќе се одржи од 13-30 јануари 2022 година во Унгарија и Словачка.

Најдобрата македонска репрезентација која го обезбеди настапот на ЕП преку квалификациите се наоѓа во третиот шешир заедно со Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Шешир 1: Шпанија, Норвешка, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија
Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија
Шешир 3: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Литванија, Босна и Херцеговина

Ќе бидат формирани шест групи, веќе е познато дека Словенија ќе биде во групата „А“ (Дебрецен), Унгарија во групата „Б“ (Будимпешта), потоа Хрватска во групата „Ц“ (Сегед), Германија во групата „Д“ (Братислава), Чешка во групата „Е“ (Братислава) и Словачка во групата „Ф“ (Кошице).

 

Претходна вестУсловни и парични казни за лекарите кои биле дел неовластен царски рез во Битола
Следна вестФон дер Лаен му пиша на Вучиќ, ќе му прати ли слично писмо и на Пендаровски?