Темно Режим Светло Режим

Ракометарките на Ѓорче Петров изборија европско четвртфинале

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров изборија европско четвртфинале. Тие вчера во реванш дуелот од 1/8 финалето се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33-34, но со оглед победата од Скопје со 32-29 нашиот тим се радува на пласман во следната рунда.

Па така избраничките на Симе Симовски ќе играат 1/4 финале во ЕХФ Купот што е големо достигнување за нашиот женски ракомет по подолги години апстиненција.

Денес во таборот на Ѓорче Петров, Дамјаноска и Николовска беа најефикасни со по шест гола, а Јанкуловска и Коларовска дадоа по пет гола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

УЈП со демант до ВМРО-ДПМНЕ: Управата нема направено поврат на ДДВ на споменатите фирми

Следниот Пост

Во пожар рано утрово настрада едно лице