Македонските ракометари во групата носители пред мундијалската жрепка

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска официјално го потврди составот на шеширите за баражот за пласман на Светското првенство кое во 2025 година заеднички ќе го организираат Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонската репрезентација се најде во првиот шешир и ќе биде носител во жрепката која е закажана за 27 јануари.

Можни противници на македонските ракометари се репрезентациите на Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Финска/Литванија и Словачка/Луксембург/Израел.

На Европското првенство кое е во тек избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја совладаа Швајцарија, а претрпеа порази од домаќинот Германија и Франција, и го освоија 17 место.

Претходна вестДелови од Трубарево, Крушопек и улица Бутелски венец утре без струја
Следна вестОдземена марихуана од двајца битолчани